Роберто Манчини е на пат да ги преземе „азурите“, откри новиот претседател на италијанската фудбалска федерација, Роберто Фабричини. Доцна во четвртокот вечерта Фабричини итно ја презеде централата откако спроведените претходно оваа недела консултации така и не успеаја да доведат до номинирање на наследник Карло Тавекио. Фабричини е генерален секретар на локалниот олимписки комитет и ќе управува со федерацијата минимум шест месеци.
Тој потврди дека кандидати за функцијата селектор се Роберто Манчини, Антонио Конте, Клаудио Раниери и Карло Анчелоти. Конте сепак побрза да контрира дека нема интерес за „азурите“.
„Имам договор за уште 18 месеци со Челзи и сакам да го исполнам. Сè друго се неосновани шпекулации“, отсече Конте, кој веќе ја водеше Италија во периодот 2014-2016 година.
Шансите на Клаудио Раниери исто така се сметаат за минимални. Во моментов специјалистот е на чело на Нант и во оваа фаза нема индикации дека има намера да напушти. Манчини исто така има актуелен договор со Зенит, но најверојатно ќе го напушти рускиот клуб при нов неуспех во битката за титулата со Локомотив Москва. Во моментов, специјалистот е во Рим.
Фабричини објави дека неговиот заменик Алесандро Кокадутура веднаш ќе започне преговори со него.
Алтертативна опција за функцијата е Карло Анчелоти. Тој во моментов е слободен откако го напушти Баерн на почетокот на сезоната.
Како што е познато, Италија е без селектор откако Џанпиеро Вентура беше отстранет поради неуспехот во светските квалификации. Ако до следните контроли не биде избран негов наследник, тимот ќе биде предводен привремено од Луиџи ди Бјаџо.