Премиерлигашот Манчестер Јунајтед се подготвува за новата ера, а неговиот почеток го одбележа доаѓањето на Ралф Рангник за привремен тренер до крајот на сезоната. По истекот на привремениот тренерски договор, Германецот ќе се пресели во канцелариите и ќе избере нов прв човек на Јунајтед, а додека не дојде тоа ќе се обиде да спаси што може од актуелната сезона.
Раководството на „црвените ѓаволи“ стави 120.000.000 евра во негови раце за јануарскиот преоден рок за да го приспособи тимот на нивните потреби, а таа сума реши да ја подели на четири лица кои моментално ги има на шопинг листата. Три се неговите приоритети, а доколку дојде и четвртата желба, тоа ќе беше огромен успех.
Сите се претежно играчи со кои соработувал претходно, а прв на радарот му е Тимо Вернер. Напаѓачот на Челси, Рангник го донесе во РБ Лајпциг од Штутгарт, тие се во одлични односи и двајцата се надеваат дека ќе можат да ја продолжат плодната соработка и на Островот.
Вернер го направи своето напаѓачко име во неговиот Лајпциг и последователно заработи трансфер тежок 55.000.000 евра во Лондон. Моментално е на милост и немилост на нивниот сонародник Томас Тухел, но Рангник би сакал да го врати од маргините.
Рангник се надева дека ќе извлече малку повеќе од неговите врски во Салцбург и Лајпциг, па фрлил око и на дуото Амаду Хајдара и Кристофер Нкунку, кои работеа со него во РБ Липциг и треба да го засилат средниот ред на Манчестер Јунајтед или да го подготват за можно заминување на Пол Погба на крајот од сезоната.
Четвртото име на листата на Рангник е она што веројатно сите најреспектабилни менаџери во светот го имаат на своите листи – Ерлинг Халанд. Но, Рангник има нешто многу повеќе во споредба со другите клубови, и тоа е одличен однос со него и неговата придружба. Имено, Рангник стои одлично со неговиот татко, поранешниот играч на Лидс и Ман Сити, Алфа Инге Халанд, а беше и спортски директор кога Халанд пристигна во Салцбург, од каде се проби на меѓународната сцена.