Новиот состанок на Заев-Ципрас ќе биде во Атина

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Новиот состанок на Заев-Ципрас  се очекува  да биде во Атина, секако ако биде постигнат напредок во разговорите за решавање на спорот за името. Тоа е таа нова средба меѓу премиерите на Република Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, која се очекува да го подигне нивото на разговорите.

Според грчката државна новинска агенција АНА-МПА за време на последната средба  меѓу министрите за надворешни работи на двете земји – Никола Димитров и Никос Коѕзијас со посредникот Метју Нимиц во Виена  беше постигнат одреден напредок. Двајцата дипломати се согласиле за нова средба по Велигден.

“Ако има позитивни резултати ќе има нова средба меѓу двајцата премиери”, објавија дипломатски извори пред АНА-МПА. Државната телевизија ЕРТ, исто така, објави дека е можно нов состанок на Заев-Ципрас.

Според Антена и Скај, властите во Атина направија некои отстапки за време на последните разговори. Тие се откажале од барањето новото име да биде само на македонски и еден збор / пример Горнамакедония, бел.ред. /, Но во замена сакаат новото име да биде зацелосна  употреба – меѓународно и внатрешно и да има промена на Уставот.