192
Новите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието, Јован Митрески.
За претседател на ДКСК избрана е Татјана Димитровска, дипломиран економист од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР), а за членови судијката во Основниот суд Софија Спасова Медарска, двајцата досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет.
Новиот состав на ДКСК беше изгласан во Собранието во декември минатата година.