Новиот студен бран: Трамп ја затвора Гласот на Америка – што значи ова за слободата на медиумите?

од Даниел Ѓорѓиевски
52 прегледи

Одлуката на американски претседател Доналд Трамп да го запре финансирањето на медиумите поддржани од владата, како што се Гласот на Америка (VOA) и Радио Слободна Европа (RSE), предизвика огромни реакции во новинарските кругови и меѓународната заедница.

Во саботата, повеќе од 1.300 новинари и вработени беа ставени на платено отсуство, откако администрацијата на Трамп ја замрзна финансиската поддршка за овие медиуми, кои со децении известуваа од критични региони како Источна Европа и Централна Азија.

„За прв пат по 83 години, Гласот на Америка се гаси“, изјави директорот на VOA, Мајкл Абрамовиц, изразувајќи шок и загриженост за иднината на медиумската слобода.

Трамп потпиша извршна наредба со која се намалуваат функциите на неколку медиумски агенции, вклучувајќи ја и Американската агенција за глобални медиуми (USAGM), која управува со RSE, VOA, Радио Слободна Азија и други.

Претседателот на Радио Слободна Европа, Стивен Капус, остро реагираше, нарекувајќи ја оваа одлука „огромен подарок за американските непријатели“ и предупреди дека затворањето на RSE ќе им користи на „автократите во Москва и Минск“.

Белата куќа ја бранеше својата одлука, тврдејќи дека „американските даночни обврзници повеќе нема да финансираат радикална пропаганда“.

Според политичкиот магазин Политико, Радио Слободна Азија веќе подготвува отпуштања, што може да биде само почеток на поширока медиумска трансформација во САД.

Со оваа одлука, се поставува прашањето: Дали ова е крајот на една ера на независно новинарство поддржано од владата.

Слични содржини