196
Новиот вид на коронавирус кој брзо се шири во Велика Британија, е откриен и во Германија, соопшти денеска германската провинција Баден-Виртемберг.
Инфицираното лице долетало во Франкфурт од Велика Британија на 20 декември за да ги посети роднините и при пристигнувањето добило позитивен резултат од тестот, објави Министерството за здравство на југозападната германска провинција на Твитер, пренесува Ројтерс.
Лицето од аеродромот било земено со автомобил од членови на семејството и оттогаш е изолирано во семејната резиденција, додава Министерството.