Месецов се очекува повторно да биде прогласена криза состојба во енергетиката. Од Владата најавуваат нови антикризни мерки за граѓаните и компаниите, а главна задача како што велат ќе биде да се обезбеди струја и други енергенси во текот на зимата
Антикризни мерки ќе бидат насочени кон оние кои се најранливи во државата, како што и беше досега. Затоа граѓаните кои се со ниски примања, кои имаат помалку од другите да знаат дека ќе бидат први на кои ќе се однесуваат мерките, кажа премиерот Димитар Ковачевски.
Тој потсети дека со ребалансот на Буџетот обезбедени се 76 милиони евра за кризата и рече дека веќе е започнат дијалогот со стопанските комори во однос на дефинирање на мерките, прес се, за снабдувањето со електрична енергија. Обезбедувањето струја и други енергенси, вели премиерот, ќе биде главна задача претстојната зима.
-Пред нас претстои најтешката зима во повоена Европа. Тоа јас го кажував уште во мај, но сите се уверивте и со изјавите на сите премиери од регионот, но и од Европа. Тие антикризни мерки ќе бидат насочени кон најранливите во државата, како што беше и досега. Затоа граѓаните кои се со ниски примања и кои имаат помалку од другите да знаат дека ќе бидат први. Исто така главна задача ќе биде да се обезбеди електрична енергија и енергенси во текот на зимата,изјави Ковачевски.
Со оглед дека државава стопроцентно се обезбедува со гас од Русија, премиерот посочи дека ќе мора да се обезбеди непречено снабдување и преку алтернативни извори, а ресорните министри веќе работат во таа насока заедно со соседните држави.
-Главна задача ќе биде да се обезбеди електрична енергија и енергенси во текот на зимата. Знаете дека сме држава која 100 отсто се снабдува со гас од Русија и ќе мораме да обезбедиме непречено снабдување и преку алтернативни извори затоа ресорните министри веќе работат заедно со соседните држави во однос на тоа. Ако се јават недостатоци на електрична енергија на европскиот континент, веќе сме во разговори со Европската Комисија (ЕК) во однос на обезбедување на електрична енергија,рече Ковачевски.