Новите ДУП-ови за Кале предвидуваат поголемо зеленило

од Берта Китинска

Завршија јавните презентации на предлог ДУП-овите кои го регулираат просторот околу тврдината Кале.

-Во новите ДУП-ови на Кале, ЦС 01 и ЦС 14, намалена катност на објектите и зеленило на површина од околу 30.000 м2.Наместо хотелски комплекс со 6 ката и поткровје, катноста е намалена на 3 ката и добиено е зеленило на површина од 3.074 м2. На местото на објект за спорт и рекреација, во новите планови предвидено е парковско зеленило на површина од 15.980 м2. Во плановите избришана е планираната катна гаража на 8 нивоа и на нејзино место предвиден е јавен паркинг со 7.860 м2 зеленило.За децата кои живеат во околината на тврдината Кале предвидовме и изградба на прва детска градинка во овој дел на Општина Центар, со што ќе решиме уште еден долгогодишен проблем.Ова се само дел од придобивките на новите два плана, информира градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

Јавните анкети траат до 16-ти септември, а граѓаните до тогаш ќе можат своите идеи, предлози и забелешки за планот на пополнети анкетни листови да ги доставуваат до општината.

Слични содржини