Новите мерки нема да стапат на сила веднаш, ќе се даде разумен рок

од Берта Китинска
254 прегледи

Новите мерки нема да почнат одма, многу од нашите граѓани се на одмор, а други допрва треба да одат Туристичките агенции реагираат дека задолжителниот PCR тест ќе предизвика тотален колапс на секторот

Ни утре, ни задутре нема да почнат новите мерки за влез и излез од државата. Ќе дадеме дадеме разумен рок – дали тоа ќе биде една недела или десетина дена, ќе соопштиме денеска. Имаме предвид дека многу од нашите граѓани се на одмор, а други допрва треба да одат. Не сакаме да им предизвикаме дополнителен финансиски трошок, рече вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

Во гостување на ТВ Сител, Филипче објасни дека и странските државјани и нашите, ќе треба да приложат PCR тест не постар од 72 часа, сертификат дека ја прележале болеста стар 45 дена или потврда дека се вакцинирани. Притоа, за децата нема да важи задолжителен PCR тест.

Не смееме да трпиме уште една огромна загуба доколку надлежните иституции донесат одлука да се влегува во државата со задолжителен PCR тест. Тоа ќе значи тотален колапс на секторот, реагираат денеска туристичките агенции.

Тие сметаат дека треба да се задржат актуелните мерки, а вакцинацијата, како што посочуваат, е неопходна за заздравување на економијата, намалување на смртните случаи и на бројот новозаразени граѓани.

Доколку се усвои предлогот за задолжително PCR тестирање во текот на утрешниот ден, туристичките агенции истакнуваат дека ќе бидат приморани да излезат на улица.

-Како приватен сектор кој се бори да опстане во живот, сметаме дека доколку се донесе одлука за влез во државата со задолжителен PCR тест ќе ги поттикне сите кои веќе уплатиле за годишен одмор да ги бараат средствата да им бидат вратени назад. Тие средства се веќе уплатени до нашите партери соработници во странство. Ова ќе значи тотален колапс, а со тоа и затворање на многу од агенциите, стои во реакцијата испратена до медиумите.

Според нив, досега нема реакции од страна на патниците дека се вратиле од годишен одмор инфицирани од КОВИД.

-Дел од патниците се веќе вакцинирани, а останатиот дел кои патуваат надвор се со PCR тест или Брз антиген тест што укажува на фактот дека оние што патуваат приватно и во групи се целосно безбедни. Она што се бара од надлежните институции е да се задржат актуелните мерки. Сметаме дека не е потребно да се наметне задолжително тестирање за влез во земјите во кои не е потребен тест како што се Албанија и Црна Гора. Исто така сметаме дека надлежните институции треба да спроведат детална анализа на граничните премини користејќи го моделот на „тестирање по случаен избор“ на македонски туристи кои се враќаат дома. По сето ова ќе може да се утврди дали е потребно задолжително тестирање. Треба да се постават мобилни екипи во меѓуграничниот појас каде граѓаните ќе може да направат брзи тестови по повластена цена кои низ лабораториите се движат од 800 до 1000 денари или да може со брз self тест да се вратат граѓаните во сопствената земја, велат агенциите.

Нивениот став е дека за тест за излез од земјата нема никаква логика, посебно кога се патува во земји кои за влез не бараат никаков тест.

Слични содржини