Новитет во ВАР-системот: Променети правилата за офсајд во англискиот фудбал

од Nikola Popovski

По големото негодување што настана околу воведувањето на ВАР во Англија, но и низ Европа и светот, правилата за офсајд конечно се променети, иако минимално.

Ќе биде барем малку полесно за играчите, како и за повеќето љубители на фудбалот, од следната сезона, бидејќи головите нема да бидат поништени доколку ноктите на нозете или носот на играчот се најдат во офсајд. Оваа вест ја објави англискиот судија Мајк Рајли, а ја пренесе „Скај Спортс“.

ВАР се користи во Англија веќе две сезони, а има многу критики за неговата употреба. Јавноста одредени одлуки донесени од судии по консултација со ВАР ги опиша како „форензика“, а во минатото, сега познатото цртање линии за да се прикаже офсајдот, беше апсурдно.

Англиската Премиер лига започнува во петок, 13 август, со дуелот помеѓу новиот премиерлигаш Брентфорд и Арсенал.

Слични содржини