НОВО ДРАМАТИЧНО ВИДЕО од апсењето на Џорџ Флојд

од Vladimir Zorba

Ново видео истече во јавноста, а кое покажува како трагично повредениот Афроамериканец Џорџ Флојд моли го полицаецот да не го убие или да го внесе во автомобил.

Видеото е објавено од британскиот „Дејли Мејл“, а го пренесоа медиумите ширум светот. Се соопштува дека истиот излегол во јавноста од истрагата што се води против белиот американски полицаец, кој е обвинет за смртта на Флојд на 25 мај во Минесота.

Снимката покажува дека Флојд ја моли полицијата да не го застрела, додека тој седи во автомобилот, а полицискиот службеник вперил пиштол кон него.

После тоа, полицаецот го извадил од автомобилот и го ставил во полициско возило, додека Флојд постојано ги молел да не го прави тоа затоа што има клаустрофобија и се плаши од смрт.

Флојд подоцна заврши на бетонот со главата завртена, додека полицаецот го притиска коленото на неговиот врат цели осум минути.

Афроамериканецот тогаш престана да се спротивставува, а брзата помош го прогласи за мртов еден час по задушувањето.

Инцидентот предизвика денови на насилни немири низ САД. Службеникот Дерек Шовин е уапсен под сомнение дека го убил Флојд и во тек е истрага.

Слични содржини