Ново истражување тврди дека стануваме попаметни кога се чувствуваме лошо

од desk3
114 прегледи

Дали некогаш сте размислувале дека да се чувствувате лошо некако може да е корисно за вас? Позитивното размислување деновиве е една од најпопуларните концепти во психологијата. Сепак изненадувачки новата студија на американските научници тврди дека кога се чувствуваме лошо, може да стануваме попаметни. Eкипата, воден од Барбара Еренрај, собрал група луѓе и спровел експеримент, за да се утврди како расположението влијае на одлуките кои ги носиме.

1473590198-zle

Субјектите на тестот биле терани да повикаат во нивните умови добри или лоши спомени со цел да биде предизвикана одредена реакција во расположението. Кога дефинитивно расположението било создадено, субјектите слушале урбани легенди, митови или гласини или биле терани да донесуваат одлуки базирани на предрасуди.

Изненадувачки се покажало дека е многу помалку веројатно луѓето во лошо расположение да поверуваат во фантазиите, а исто така и да донесат погрешни одлуки, врз основа на донесените однапред предрасуди.

Оние во добро расположение од своја страна биле многу повеќе подложни на гласините, и било многу поверојатно да донсеат погрешно решение, базирано на лоша проценка.

Според научниците, тоа докажува дека кога се чувствуваме лошо, тоа не прави многу попродуктивни во секојдневниот живот, бидејќи мислиме пореално и соодветно критично во однос на нашата околина. Ова исто така ни помага да запаметиме повеќе за одредена ситуација, бидејќи сме повеќе фокусирани на она што е пред нас, отколку на она што не правело среќни. Тоа е посакуваната ситуација кога се обидуваме да повратиме или да набавиме информации.

Стануваме ли всушност паметни кога сме во лошо расположение?

Одговорот не е едноставно да или не. Точно е, кога станува збор за обезбедување на информации и запомнувањето, но коефициентот на интелигенција не се зголемува секој пат кога ќе се скараме со некој или ако не заболи ногата. Всушност стануваме критични во однос на средината која не опкружува и внимаваме повеќе на она што се случува околу нас. Кога сме среќни од друга страна, на некој начин се наоѓаме во таинствен свет и фокусот ни е на она што не прави среќни. Соодветно можеме лесно да заборавиме работи кои се случиле или детали од средината која не опкружува.

Тоа секако не важи за оние кои страдаат од одредени болести како депресија на пример. Всушност, постојат податоци дека клиничката депресија ги намалува когнитивните способности. Оваа студија тврди само дека кога сме малку иритирани сме покритични и помалку наивни кон светот околу нас.