НОВО МАСОВНО УБИСТВО ВО СРБИЈА: Убиени 8 лица, напаѓачот во бегство

од Stefanija Kuzmanovska
545 прегледи

По масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во средата во Белград, синоќа се случи ново масовно убиство во Србија. Во Младеновац, Урош Б. во полноќен напад со автоматско оружје убил најмалку 8 лица, а ранил најмалку 13.

Така, во овие две грозоморни крвопролевања во Белград и неговата околина за помалку од 48 часа загинаа дури 17 лица.

Додека цела Србија ги оплакуваше осумте жртви на масакрот што го изврши момчето Коста Кецмановиќ (13), синоќа од околината на Младеновац пристигна нова страшна вест: младиот Урош Б.(21) по расправија во школскиот двор си заминал дома и донел, како што се претпоставува, автоматска пушка од која отворил оган кон луѓето кои седеле на клупите.

Блокирани села околу Младеновац

Во Младеновац може да се влезе и да се излезе од градот, но Дубона, Шепшин и сите околни села се блокирани, а до нив е невозможно да се пристапи, дознава „Блиц“.

„Полицијата е на терен и ја пребарува секоја педа, има луѓе кои се на нозе повеќе од 20 часа“, вели извор од местото на настанот.

Осум лица кои беа повредени во пукотницата кај Младеновац и на кои им беше укажана помош во Ургентниот центар се во стабилна состојба. Во болницата „Драгиша Мишовиќ“ има две повредени лица на возраст од 21 и 23 години, оперирани се, но нивните животи се уште се во опасност, јавува РТС.

Полицијата од синоќа трага по убиецот

Според известувачот на „Блиц“ од местото на настанот, полициските сили се уште се на местото на злосторството.

Драматичната потера по убиецот од Младеновац трае од моментот кога се случило злосторството. На терен има полициски сили, во потрагата по напаѓачот учествуваат над 600 припадници на српското МВР. Вклучени се и хеликоптери и термални камери.

Секој дел од општината е „чешлан“ од сите специјални единици на МВР.

Убил најмалку осум и ранил најмалку 13 лица, од кои некои се во тешка состојба. Потоа побегнал и продолжил да пука во соседната населба. Силни полициски сили веднаш почнаа да го бркаат, на теренот имаше 600 полицајци.

Повредените во масакрот се префрлени во болниците во Белград, а лекарите се борат за живот за дел од нив.

Меѓу жртвите се полицаец и неговата сестра

Полицаецот Милан Паниќ е убиен синоќа во крвавиот напад кај Младеновац. Исто така починала и сестра му, а бил вработен во ПУ Младеновац.

Слични содржини