Ново полициско насилство: Застрелан Афроамериканец поради сообраќаен прекршок (видео)

од Nikola Popovski
171 прегледи

Нов инцидент се случи во Лос Анџелес, откако полицајци го убиле Афроамериканецот Дижон Кизи (29), застрелувајќи го со дваесетина куршуми во грбот, бидејќи како велосипедист направил сообраќаен прекршок и се обидел да избега.

Убиството предизвикало нови протести од страна на граѓаните револтирани од полициско насилство низ целата земја против афроамериканското население, пренесува Ројтерс.

Кизи возел велосипед во понеделникот попладне во предградието на Лос Анџелес, Вестмонт, кога двајца заменици на шерифот се обиделе да го застанат.

Тој го оставил велосипедот и се обидел да избега, удрил еден полицаец ија фрлал облеката што ја носел, сооштува полицијата.

Полицијата тврди дека во фрлената облека имало полуавтоматски пиштол, а полицијата потоа отворила оган кон Кизи.

Семејниот адвокат на Кизи, Бенџамин Крамп, активист за човекови права, познат по застапување на афро-американските жртви при полициското насилство низ САД, соопштил дека Кизи го фрлил оружјето со облеката и дека не го земал. Според него, полицијата испукала повеќе од 20 куршуми кон него и со часови го оставила телото на улица.

Слични содржини