Продолжението на жешката еротска серија “Педесет нијанси сива” официјално ќе излезе на 18 јуни оваа година.d2d024cbbcb7c5406911ea84ca2a2199

Насловот на книгата на Е. Л Џејмс ќе биде“Педесет нијанси на сива, прераскажано од Кристијан”.

Новото издание ќе биде посветено целосно на протагонистот Кристијан Греј и токму поради тоа ќе излезе на денот на неговиот роденден.

Првите три тома од серијата жнеат голем успех . Тие беа преведени на над 50 јазици и постигнаа тираж од 125 милиони копии продадени низ целиот свет.

Успехот на книгите ја направи својата креаторка Е. Л Џејмс една од најбогатите современи авторки во Велика Британија.

Првата филмска адаптација на книгата имаше огромен успех. Предвидено е наредните две продолженија да излезат на екран повторно на Деноѕ на вљубените односно во 2017 и 2018 година .

По желба на авторката на бестселерот во тимот од сценаристи е вклучен и сопругот. Поради недоразбирања во врска кино-лентата од тимот е исклучена режисерката на првиот филм Сем Тејлор-Џонсон. Сценаристката Кели Марсел исто така нема да земе учество во екранот продолженија на сагата.

Актерите Дакота Џонсон и Џејми Дорн , кои ги толкуваат главните улоги во филмот и станаа  миленици на целиот свет, побарале зголемување на хонорарите за продолженијата.Збирот за секој изнесува 1 милион долари.

 

Слични содржини