344
Еден ученик е повреден во денешното пукање во средното училиште Вотсон Чапел во Пијн Блаф, во американската сојузна држава Арканзас, соопшти администрацијата на окружното училиште.
„Родителите на повредениот ученик се информирани“, се вели во соопштението, додавајќи дека сите други ученици се безбедни, додавајќи дека станува збор за „изолиран инцидент“, пренесува Ројтерс.
Наставата започна денес во училиштето во Пајн Блаф, кое се наоѓа на околу 70 километри од главниот град на државата Арканзас, Литл Рок.