Ново рочиште за „Ласкарци”

од Берта Китинска
326 прегледи

Одбраната на обвинетите за случајот „Ласкарци”, на денешното рочиште ќе има можност да постави прашања на градежниот вештак.

Фото: Борче Поповски

Обвинителот кој го застапува обвинението за овој предмет Дарко Јакимовски, објаснува дека ако се успее да се заврши сослушувањето на вештакот, обвинителството ќе продолжи со презентација на материјални докази.

Судењето за овој предмет го води судечкиот совет на чело со судијката Диана Груевска – Илиевска.

Во тешката сообраќајна несреќа која се случи лани на 13 февруари животот го загубија 16 лица, а 37 беа повредени.

Слични содржини