Ново соопштение во врска со Астра Зенека: По обвиненијата дека не е ефикасна, се огласи и британскиот министер за здравство

327 прегледи

Ново соопштение излезе во врска со британско-шведскиот производител на вакцини „Астра Зенека“, бидејќи неколку земји привремено ја прекинаа вакцинацијата со таа вакцина. За ова говореше и британскиот министер за здравство, Мет Хенкок.

Астра Зенека известува дека околу 17 милиони луѓе ја примиле Астразенека низ цела Европска унија и во Велика Британија, а од тој број, само 40 пријавиле проблем со згрутчување на крвта.

“Британската вакцина е апсолутно безбедна. Ги повикувам луѓето да ги слушаат надлежните регулаторни тела и да се вакцинираат веднаш штом се појави можност. Знаеме дека вакцината Оксфорд-Астра Заенека во моментов спасува животи во Велика Британија”, рече Мет Хенкок.

За потсетување, во врска со обвинувањата дека вакцината не е ефикасна, Едвард Аргар исто така зборуваше и јасно рече дека нема докази дека вакцината не е ефикасна.

Слични содржини