Новогодишна прослава на Шанзелизе и покрај најавениот собир на „жолтите елеци“

од desk2
83 прегледи

Градот Париз одлучи да организира дочек на Нова година на Шанзелизе и покрај најавите за нови протести на „Жолтите елеци“.

Градоначалникот на Париз, Ан Хидалго за новогодишната ноќ планира „звучно и светлосно шоу“ пропратено со огномет.

На Шанзелизе традиционално се организира дочек на Нова година, но на авенијата последните пет саботи демонстрираа „жолтите елеци“.

Движењето „жолти елеци“ преку Фејсбук најави нов собир на Шанзелизе, наведувајќи дека  „сакаат да ја продолжат борбата на мирен и свечен начин“.