Новогодишни подароци за децата од Групниот дом во Козле

од Берта Китинска
144 прегледи

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, младите од малиот групен дом во Козле добија новогодишни пакетчиња и фудбалски топки. Ова се само симболични подароци кои беа доделени од градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претставници од организацијата „Open fun football schools – Macedonia“.

– На последниот ден сме од 2020 година. Станува збор за година која сите сакаме да ја заборавиме и од утре, да се надеваме дека влегуваме во подобра 2021 за сите нас. Среќен сум што денеска сме тука, во овој групен дом, во Козле, да си посакаме среќна и успешна Нова година. Знам дека дел од учениците посетуваат и општински основни училишта. Изминатава година и тоа како се трудевме да овозможиме онлајн настава за сите ученици, па се надевам дека првото полугодие го поминавте без поголеми проблеми, рече Богоев пред присутните.
Младите и градоначалникот договорија и понатамошна соработка. Предвидени се посети на домот од страна на истакнати личности во заедницата, кои ќе ги мотивираат децата уште повеќе да учат, да создаваат и да веруваат во себе.

Општина Карпош ги повикува сите граѓани на одговорно одбележување на празниците. Да празнуваме со најблиските, без големи собири и групирања.

Овој период од годината нѐ потсетува дека треба секојдневно да бидеме хумани и солидарни и да даваме помош на оние на кои им е најпотребно.

Слични содржини