Новороденче од Сирија беше пронајдено мртво на брегот во Грција

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Телото на новороденче е пронајдено на брегот на грчкиот остров Агатониси, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на локалната крајбрежна стража.

Syrian people disembark on the island of Lesbos, early on June 18, 2015. Some 48,000 migrants and refugees have landed on Greek shores so far this year, compared to 34,000 arrivals during all of 2014, according to the International Organization for Migration (IOM). AFP PHOTO / LOUISA GOULIAMAKI        (Photo credit should read LOUISA GOULIAMAKI/AFP/Getty Images)

Момченцето е однесено во болница во блискиот остров Самос, каде лекарите ја констатирале неговата смрт. Познато е дека неговите родители дошле до бреговите на Агатониси од Турција со брод.

Светот оваа недела го трогна фотографијата на телото на тригодишното Сиријче исфрлено од водите на турскиот брег. Сликата на удавеното дете предизвика невидена реакција на глобално ниво.
Според грчките власти, од почетокот на годината во земјата пристигнале повеќе од 230 илјади мигранти. Протокот на имигранти се зголеми нагло во последните два месеци.
Тие минуваат низ пет острови – во Лезбос пристигнуваат половина од мигрантите, во Кос 28 отсто, во Хиос 14 отсто, во Самос 12 отсто, а мал дел од мигрантите пристигнуваат во Лерос. Бранот од имигранти ја погоди економијата на островите – нагло падна туризмот.

Од почетокот на 2015 година на територијата на ЕУ пристигнаа околу 350 илјади.