Новороденчето со скршеница е во добра состојба, нема да има трајни последици

од Nikola Popovski
350 прегледи

Директорката на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, Викторија Јовановска попладнево во изјава за медиуми рече дека бебето, кое се здоби со повреда на раката при породување, е во добра состојба и дека се работи за лесна пареза која најчесто се повлекува до 48 часа.

Јовановска денеска се сретнала со семејството на бебето и им објаснила како е настаната повредата. Раката на бебето е имобилизирана и нема да има трајни последици.

-Им објаснував како е настаната повредата, дека тоа е можна и предвидена компликација, рече Јовановска, појаснувајќи дека ова може да се случи како компликација при попречена поставеност на плодот и дека мајката уште при прием била заведена како мајка со ризик.

Јовановска вели дека мајката која била од ризик, порад хронични заболувања, според протокол, по операцијата била сместена на интензивна нега, па затоа и бебето не и било однесено веднаш, бидејќи новороденчиња во тој оддел не се носеле.

Семејството реагираше дека медицинскиот персонал не ја известил веднаш мајката за повредата на бебето. Директорката Јовановска објаснува дека веднаш по породувањето не можело да се утврди дали станува збор за скршеница, бидејќи бебето немало оток на раката, но откако се појавил направена е рендген снимка која ги потврдила сомнежите.

Случајот во јавноста беше откриен од страна на таткото кој тврдеше дека персоналот на клиниката се обидел да го прикрие случајот, бидејќи на мајката не и било да го види бебето. Родено е на 30-ти декември, а семејството е информирано дека има скршеница на раката после 24 часа.

Слични содржини