Новозеландската премиерка не знаела дека микрофонот ѝ е вклучен, па јавно навредила политичар

од Stefanija Kuzmanovska
273 прегледи

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн се најде среде скандал откако на парламентарната телевизија беше снимен нејзиниот коментар дека лидерот на помала опозициска партија бил „арогантен кретен“.

За време на прашањата на пратениците, лидерот на либертаријанската партија Акт, Дејвид Сејмур ја праша Ардерн дали може да „даде пример како направила грешка, да се извини за тоа како што треба и да ја поправи“.

Како одговор на прашање, Ардерн призна дека управуваната изолација – клучна, но контроверзна компонента на одговорот на Нов Зеланд на Ковид-19, била тешка за јавноста, но додаде дека таа стои зад работата што владата ја направила во изминатиот мандат.

Откако го заврши одговорот, Ардерн седна до нејзиниот заменик Грант Робертсон и тивко рече „толку арогантен кретен“.

Но, нејзиниот микрофон во тоа време сè уште беше вклучен, а нејзиниот коментар се слушна кога гласот на Адријан Рурав – претседавачот на собранието – повика на следното прашање.

Сејмур подоцна побара од спикерот Ардерн да ја повлече забелешката и да се извини, но Рурав одби бидејќи премиерката повеќе не беше во собранието и не видела нејзината примедба била забележана.

Портпаролот на Кабинетот на премиерката потврди дека Ардерн после тоа му се извинила на Сејмур.

„Извинувањето што навистина го бараме е за Новозеланѓаните кои се загрижени поради порастот на цените“, рече Сејмур.

Тој рече дека Ардерн му испратила порака со извинување, пишува „Гардијан“.

„Таа рече: Извинете, тоа не е нешто што требаше да го кажам, како што би рекла мајка ми, ако немате ништо убаво да кажете, молчете“, ги пренесе Сејмур зборовите на премиерката.

„Се согласувам со ставот и се е во ред што се однесува до мене. Само ѝ реков, ви благодарам и се надевам дека ќе имате среќен Божиќ. Впрочем, не е крај на светот“, рече тој.

Слични содржини