Ножеви, петарди и штитници за уста: Хаос во Брисел, уапсени 500 лица (ВИДЕО)

Белгиската полиција уапси речиси 500 учесници во Брисел, кои имаа  неовластени демонстрации против ограничувањата наметнати за борба против коронавирусот.

„Вкупно 488 лица се уапсени“, главно во близина на железничките станици во Брисел, изјави за АФП неименуван портпарол на бриселската полиција, додавајќи дека некои веќе биле ослободени.

Плоштадот на кој се наоѓа главната железничка станица беше евакуиран во текот на денот.

Портпарол на полицијата додаде дека меѓу демонстрантите има и љубители на фудбалот.

Полицијата на Твитер објави фотографии од предмети пронајдени кај некои демонстранти, вклучувајќи ножеви, петарди и штитници за уста.

„Ова не се предмети за мирен собир“, изјави полицијата и потсети дека собирот не добил дозвола за денес.
Белгиските власти ги зајакнаа епидемиолошките мерки. Тие воведоа полициски час што започнува во 21 часот и забранува влез и излегување од земјата кога тоа не е потребно.

Белгија, која има 11,5 милиони жители, е една од најсилно погодените европски земји во пандемијата. Властите објавија повеќе од 20.000 смртни случаи од коронавирус.

Слични содржини