НСДП ги повикува граѓаните масовно да излезат во првиот круг на претседателските избори на 24 април во среда и да го дадат гласот за просперитетна држава и европска иднина, гласајќи за шефот на државата и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски.
Според НСДП, Пендаровски во изминатите пет години покажа дека е државник кој има знаење, умешност и визија да донесува државнички одлуки за меѓународното интегрирање на државата и обезбедување на стабилна иднина на граѓаните на Република Северна Македонија.
-Стево е претседател во чиј мандат Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО, претседател со став за сите битни политички прашања, претседател во чиј мандат државата ќе стане членка и на Европската Унија доколку ја добие поддршката на 24 април и на 8 мај. Единствен од кандидатите за претседател кој има став за сите прашања и јавно и јасно го соопштува на граѓаните, за разлика од противкандидатите.
Стево Пендаровски е човек за кој највисоки вредности остануваат слободата и демократијата и како Нова социјалдемократска партија (НСДП) сметаме дека заслужува да биде избран по вторпат за претседател на државата, велат од партијата на Горан Мисовски.