Нухиу: Моралната оставка не подразбира вина

од Nikola Popovski
369 прегледи

Во моментов кога избувнал пожарот, овие носители на институции немале како приоритет да поднесат оставка, туку требало да ја менаџираат ситуацијата, вели заменик-министерот за правда, Агим Нухиу за емисијата „200“ на Алсат ТВ, зборувајќи за понудените оставките на министерот и заменик-министерот за здравство и раководството на клиничката болница во Тетово, по големата трагедија во модуларната ковид-болница.

Според него, функционерите дале морална оставка и ова е ноторен факт.

-Сите знаат за ваквото нешто и нема никакви дилеми. Моралната оставка не подразбира вина. Жал ми е што политичкиот застапник што е овде во дебатава, се обидува да поентира политички. Овде не се околности да се зборува за успесите, неуспесите и предизвиците на управниот кадар во тетовската болница. Секој има свој став, но сега не е време за поентирање. Починаа 14 лица и болката е двојно поголема од кој било, бидејќи сме носители на институции, посочува Нухиу.

Слични содржини