Нухиу: МВР најостро го осудува нападот врз новинарската екипа на А1он

од desk2
78 прегледи

„Во мое име и во име на МВР сакам да ги осудам последните настани и да ве уверам дека Министерството ќе ги употреби сите капацитети за целосно да ги расчисти овие случаи. Ќе бидат санкционирани сите обиди за нарушување за јавниот ред и мир.

Апелираме до сите граѓани на Република Македонија да се воздржат од секаков вид на насилство и нарушување на правниот поредок и уставните вредности.

Граѓаните имаат право да протестираат, на демократски начин, да се собираат на јавни места и да ги изразат своите ставови, но Законот за јавниот ред и мир мора да се почитува.

Сите свои ставови и мислења да ги изразат без нарушување на правните суштински вредности“, изјави министeрот за внатрешни работи, Агим Нухиу.

Во врска со нападот врз новинарската екипа на А1он, на место на настанот легитимирани се 12 лица со кои дополнително се обавуваат разговори. Од СВР Скопје се преземаат сите мерки за пронаоѓање на сторителите, утврдување на мотивот за нападот, како и целосно расчистување на случајот, рекоа од МВР.