Њујорк Тајмс: Заев се плаши од враќање на национализмот по одложувањето од страна на ЕУ

од Aleksandar Todeski
354 прегледи

Премиерот на малата балканска нација од Северна Македонија пред само два месеца котираше високо, поддржуван од светски лидери и од шефот на Обединетите нации за тоа што понудил ретка светла точка во инаку проблематичниот глобален пејзаж, а беше и на потесениот список за Нобелова награда за мир, пишува угледниот Њујорк Тајмс.

Премиерот Зоран Заев ја пишува својата кариера и иднината на државата со решавањето на тридеценискиот спор со соседната Грција за името на земјата. Преку макотрпната дипломатија и иако не се даваа големи шанси, тој успеа. Но, додека седеше во својата канцеларија во главниот град Скопје, сето тоа изгледаше далеку.

Промената на името беше чист пат за преговори за Северна Македонија за влез во Европската Унија, но минатиот месец Франција го блокираше процесот и побара истото да се разговара подоцна. Балканскиот лидер се плаши од национализам или конфликт по одлуката на ЕУ да се пролонигра стартот на преговорите.

„Тоа ме скрши одвнатре. Ме уништи писхолошки. Национализмот и радикализмот може да се појават повторно“, рече Заев.

Целта на процесот на проширување, како што велат поддржувачите на овој процес, е да се обезбедат насоките за подобро управување.

„Ние сме водени од светлата што ни ги даде Европа. Сега ги изгасија светлата и ние сме во темница. Кој знае каде одиме од тука“, вели Заев.

 

Слични содржини