Њујорк во големи проблеми: Платиле 69 милиони долари за респиратори, кои никогаш не стигнале

од Aleksandar Petrovski
366 прегледи

Државата Њујорк и платила на компанија со седиште во Сан Франциско повеќе од 69 милиони долари за 1.450 болнички респиратори кои никогаш не пристигнале.

На 30 март, на компанијата Орен-Пајнс и е платено 69,1 милиони американски долари за респиратори чија поединечна цена била 47.650 долари, што било трипати поголема од вообичаената цена за најсовремениот модел.

Еден месец подоцна, раскинат е договорот со таа компанија и сега се обидува да ги врати парите, наведува Њујорк пост.

„Дел од парите се вратени на државата“, изјави портпаролката на Кабинетот за општи услуги во Њујорк, без да прецизира колку пари се вратени во касата.

Што се однесува до тој налог за респиратори, тоа била најголемата исплата што ја направило Министерството за здравство по одлуката на гувернерот Андре Комо. Медиумите јавуваат дека е нејасно како е избран Орен-Пајнс, особено ако се знае дека се специјализирани за технологија за мобилни телефони, без очигледно искуство со медицинска опрема.

Тие биле меѓу илјадниците кои на 27 март одговорија на твитот од претседателот Трамп, кој ги повика Форд и Џенерал моторс „веднаш да започнат со производство на респиратори“.

Од компанијата Орен-Пајнс велат дека единиците за интензивна нега можат да ги направат вентилаторите, инвазивни и неинвазивни.

„Нека ме повика некој Итно“, напиша Орен-Пајнс, за кој се вели дека го препорачале работна група за Коронавирус од Белата куќа.

Кабинетот на Белата куќа и потпретседателот Мајк Пенс не ги коментираа овие обвинувања, ниту пак таа компанија со седиште во Сан Франциско.