„Поголем проблем ќе настане со работата до 21 часот, отколку што ќе имаме бенефит затоа што не гледаме никаква логика од кратењето на работното време бидејќи не можат угостителите да го организираат организирањето на работењето во смени“, вели претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски.
Според него, работното време не смее да биде пречка во работењето на угостителските објекти, затоа што суштината поради која беше ограничено работното време не постои, односно ДПИ на тие прекршуваат условите за работа имаат зголемени ингеренции и можат да казнуваат на лице место.
„Многу е подобро да се врати нормалното работно време, а да се поработи повеќе на протоколите за работа на угостителските објекти и едукација и култура во справување со мерките. Да не си играме ограничувања и поместувања на работното време. Има потребни од директни мерки само за угостителите“, смета Јосифовски.