НУК: Унифицирани препораки и протоколи за работа во услови на Ковид „ДА“, но ограничување на работното време „НЕ“

Секоја Одлука и сите Измени и дополнувања на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита од КОВИД-19 за носење на препораки и протоколи со кои се ограничува работното време на угостителските објекти кое е утврдено согласно Законот за угостителска дејност е неуставно.

Уставниот суд и покрај барањето за времена мерка на поднесената иницијатива за уставноста и законитоста поднесена од страна на Независната угостителска комора нема да ја разгледува на својата прва седница во 2021 година закажана за 21ви Јануари согласно објавениот дневен ред.

Напоменуваме, работното време на угостителските објекти е утврдено во членот 23 од Законот за угостителска дејност кој закон не е ниту укинат ниту суспендиран во моментот. Ниедна одлука на Влада ниту нејзина измена ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДЕНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19 со која се носат препораки и протоколи за ограничување на работното време за работа на угостителските објекти кое работно време е утврдено со важечки закон е неуставна.

Никој не спори ниту се противи на постоењето на протоколи и препораки за работа на угостителски објекти во услови на глобална пандемија Ковид-19 према кои препораки и протоколи своето работење ќе го прилагодат самите угостители и гостите како дел од новото секојдневие до конечно завршување на пандемијата.

И наместо Министерот Венко Филипче да се размислува или ветува дека ќе го разгледува нашето оправдано барање за укинување на ограничувањето на работното време, им предлагаме сите одлуки со кои се ограничува работното време утврдено со закон веднаш да се укинат, а Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да издвојат време и предложат унапредување на постојните препораки и протоколи и да се задолжат да изготват унифицирани и стратешки препораки и протоколи за работа на целокупната угостителска индустрија во 2021 година.

Независната угостителска комора прва јавно и во целост ги објави барањата и очекувањата од Владата за планираните петти сет мерки за поддршка и помош на угостителската индустрија. Сеуште очекуваме покана од Владата, Министерството за економија и Министерството за финансии за наше учество и допринос во разговорите и средбите со коморите за новите предлози на мерки за поддршка и помош на угостителската индустрија, како и предлозите за висината и начините со кои треба на угостителите да им биде надоместена штетата и загубата од рестриктитвните мерки со кои е ограничено работењето на угостителските објекти изминатиот период.

Посебно не радува и фактот што после нас и останатите комори излегоа јавно со истите барања за поддршка и помош најавени со петтиот сет мерки.

Веруваме дека Владата преку Министерството за економија и Министерството за финансии во целост ќе ја превземат обврската и одговорноста за опстанокот на угостителската индустрија до завршувањето на пандемијата Ковид-19 и ќе креираат безусловни посебни економски мерки за финансиска поддршка и неповратна помош на угостителите.

Угостителската индустрија нема време за чекање и со цел угостителите да ги сочуваат сите работни место на угостителските работници очекуваат веднаш и итно Владата да донесе одлука за продолжување на мерката субвенција на бруто плати од почетокот на Јануари 2021 години со траење се додека се во важност ограничувањата со рестриктивните мерки односно протоколите за работа на угостителски објекти или до званично завршување на пандемијата Ковид-19

И да ја потсетиме Владата уште еднаш на основните пет барања и очекувања и во итноста на нивното скоро донесување од петтиот сет економски мерки за помош и поддршка:

1.Континуитет во помошта – безусловна субвенција за сите вработени во угостителската индустрија во висина на бруто плати додека се во важност ограничувањата со рестриктивните мерки односно протоколите за работа на угостителски објекти или до званично завршување на пандемијата Ковид-19

2.Директна неповратна финансиска помош – грант за сите угостители по принципот на доделена ваква помош за ноќните клубови и категоризираните ресторани

3.Безусловна достапност на угостителската дејност со долгорочни и бескаматни државни кредити за одржување на тековна ликвидност и унапредување на угостителството или побрза достапност на најавениот гарантен фонд или гарантна шема со која угостителите ќе можат да добијат државни гаранции врз основ на кои ќе можат во банките да се задолжат со долгорочни поволни комерцијални кредити со грејс периоди за надминување на проблемите со ликвидноста

4.Изедначување на ДДВ за угостителски услуги согласно ветувањата на 10% на сите угостителски услуги во сите видови на угостителски објекти

5.Одлагање и репрограмирање на извршни постапки врз угостителите и угостителската индустрија односно трансформација на секое извршно решение во решенија за исплата на рати со греј период или наплата по завршување на пандемијата Ковид-19

 

Слични содржини