Њукасл го зема „пола“ Јунајтед во зима

од Vladimir Zorba

Навивачите на Њукасл Јунајтед со нетрпение го очекуваат јануарскиот преоден рок по официјалната потврда дека еден од најбогатите луѓе во светот, принцот Мохамед бин Салман од Саудиска Арабија, стана нов сопственик на клубот од Сент Џејмс Парк. Во меѓувреме, продолжуваат шпекулациите кои асови наскоро би можеле да го облечат „црно -белиот“ дрес.

Во претходните денови се споменуваа Калиду Кулибали (Наполи), Мауро Икарди (ПСЖ), Филипе Кутињо (Барселона), Кејлор Навас (ПСЖ), Единсон Кавани (Манчестер Јунајтед)…

Според островските медиуми, вториот не е единствениот што може да се пресели од еден Јунајтед во друг. Сега се споменуваат уште четворица фудбалери од Олд Трафорд!

Ентони Марсијал, Џеси Лингард, Дони ван де Бик и Ерик Бејли!

Тешко е да се каже колку е ова реално, станува збор само за докажани асови, кои долго време немаа задоволителна минутажа за Солскјаер.

Со нивно продавање, секој ќе има корист: Њукасл ќе донесе докажани засилувања, Манчестер ќе се ослободи од огромните плати и ќе добие многу повеќе простор за игра. Значи, изгледа во теорија, и во пракса? Одговорот ќе го дознаеме во зимскиот преоден рок.

Нема сомнение дека Њукасл ќе донесе засилување, но нивните имиња ќе ги дознаеме дури во јануари. Дотогаш, наддавањето ќе продолжи, а навивачите на Њукасл Јунајтед ќе можат да сонуваат и фантазираат за големите планови на нивниот омилен клуб.

Слични содржини