НУЛА активни случаи: Во овие два града нема болни од ковид 19

од Берта Китинска
398 прегледи

Бројот на активни случаи на ковид 19 во земјава се намалува. Во моментов најголем број има во Скопје 1145, додека пак Демир Капија и Дојран  имаа нула активни случаи.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.028, бројката на оздравени пациенти е 146.800, на починати е 5.296, а бројот на активни случаи изнесува 2.932.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, вели министерот за здравство Венко Филипче, кој информира дека вкупно досега се аплицирани 255.259 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани.

-Вчера вкупно се вакцинирале 10.221 граѓани.Прва доза вакцина вчера примиле 9.974 граѓани.Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 395.776 граѓани.Со последните бројки 45,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Со последните бројки 38.8 % од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација, вели Филипче.

Се намалува бројката на пациенти кои се хоспитализирани како последица на ковид. Во моментов, според податоците на Министерството за здравство, се лекуваат вкупно 340 лица низ болниците во земјава, а слободни се околу 559 болнички кревети.