НУЛА СЛУЧАИ: Во овој македонски град нема активни преносители на коронавирусот

од Берта Китинска
472 прегледи

Ресен повторно е единствениот град во земјава во кој нема ниту еден активен случај на ковид-19.

Во последниве десетина дена само еден нови случај на коронавирус беше регистриран. Во Ресен вкупниот број на заболени изнесува 147, а нема регистрирано ниту еден активен преносител на вирусот.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Дебар-4, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-9, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-3, Крива Паланка -1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15293,  бројката на оздравени пациенти е 12754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1905.

Слични содржини