Нуланд доаѓа в четврток но само до јужната граница!

од desk3
138 прегледи

Помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, може да ја посети Грција неделава со цел лично да се запознае со ситуацијата со бегалската криза, пишува грчки Катимерини, повикувајќи се на извори во Брисел.

victorianuland_0

 

Востание во престолнината на ИД, жителите се дигнаа против џихадистите!

Нуланд која е помошник на Џон Кери во Грција се очекува да стигне во четврток, и да го посети кампот кај Идомени на грчко-македонската граница, кој се зголемува од ден на ден поради малиот број луѓе што се пропуштаат преку границата.