Нуланд: Газењето врз демократијата и корупцијата се рак рани кои ве уништуваат!

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Викторија Нуланд, помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија овој пат од Вашингтон упати предупредувачка порака до лидерите во регионот. Според неа западните вредности се изложени на напади од надвор но и внатре во границите на западниот свет.

Ширум регионот две рак рани, демократско назадување и корупцијата го загрозуваат сонот за чие остварување работеа многумина од 1989, изјави Викторија Нуланд на стратешкиот форум за Централна и источна Европа кој се одржа во Вашингтон.

victoria-nuland

Обраќајќи се до лидерите во регионот Нуладн праша: Како можете ноќе да спиете под заклонот на членот 5 на НАТО а дење да промовирате нелиберална демократија, да промовирате национализам, да ограничувате слободни медиуми и да го дијаболизирате граѓанското општество.

Ги прашувам исто и оние кои заштитуваат корумпирани функционери од судска истрага, кои го заобиколуваат парламентот кога им одговара или кои договараат валкани зделки кои ја зголемуваат зависноста на нивните држави од еден извор на енергија иако се заложиле за диверсификација на државно ниво, прашува Викторија Нуланд од стратешкиот Форум за Централна и источна Европа на кој се разговараше за предизвиците на Европа во актуелните сложени состојби на меѓународната политичка сцена.