ОЈО ја расчистува кражбата на монитор од Бугарскиот центар, ограбени уште две кафулиња во непосредна близина

од Nikola Popovski
156 прегледи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесено известување од Министерството за внатрешни работи за извршена кражба во просториите на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје, ги издава сите потребни насоки и наредби за откривање на сторителите.

Настанот се случи ноќта меѓу 15 и 16 март, кога непознати сторители со употреба на сила, освен во објектот на Културно-информативен центар на Република Бугарија, на сличен начин влегле и во уште два угостителски објекта во непосредна близина.

-Од угостителските објекти биле одземени пари, а од Центарот е одземен еден монитор од компјутер.

При увидот од СВР Скопје, подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител се обезбедуваат и снимки од видео надзор. До овој момент сите индиции и докази упатуваат дека единствен мотив во конкретниот кривичен настан е противправно присвојување предмети, односно станува збор за кражба. Надлежните институции постапуваат за откривање на сторителите, порачуваат од Скопското обвинителство.

Слични содржини