„Нема да коментирам за законодавните процеси ниту на Северна Македонија, ниту на ЕУ. Да дојдеме до суштината на прашањата, планот за раст и лидерите на ЕУ имаат доверба и слушнав од лидери дека се уверени оти планот за раст ќе биде усвоен, тоа е иновативен пристап. Иницира вклученост на бизнисите, а тоа е во интерес на сите лидери, “ рече помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’ Брајaн во Скопје, на новинарско прашање за тоа дали после две години од објавувањата на првите имиња на црната листа е задоволен што македонската Влада реши да го инкорпорира тоа од црната листа во своето законодавство и дали тоа ќе биде доволно за борбата против корупцијата и кога можеме да очекуваме проширување на црната листа со имиња одСеверна Македонија.
О’ Брајaн посочи дека прашањето за улогата на САД во борбата против корупцијата е малку сложено.
„Тука имаме стратегии за решавање на фаворитизам, на заробена држава, на корупција, проблеми кои се случуваат во многу земји вклучително и во овој регион затоа сум благодарен што Владата ја започна оваа програма да работи на прашањето за корупција. Список си е список тој секогаш еволуира секогаш се проценува. Целта е да видиме промена во однесувањето на поединците на списокот и оние кои се поврзани со нив тоа некогаш значи дека ќе се додадат повеќе имиња на списокот или ќе нема имиња на списокот но сепак е алатка која е од поголема стратегија,“истакна О’ Брајaн.
Тој посочи дека важно е луѓето да се навикнат да ги користат сите алатки кои им се достапни за да се борат со корупцијата и да ја задржат таа посветеност при формирањето на новата Влада.