Објавена листа на земји со највисок коефициент на интелигенција, Македонците на дното во однос на земјите од бивша СФРЈ

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Објавено е рангирањето на земјите според коефициентот на интелигенција на населението за 2022 година.

Во рангирањето објавено од Светската ревија за популација, најинтелигентните луѓе живеат во Јапонија, со просечен коефициент на интелигенција од 106,48, потоа Тајванците со резултат од 106,47 и Сингапурците со 105,89.

Хонг Конг, Кина, Јужна Кореја, Белорусија, Финска, Лихтенштајн и Германија се исто така меѓу првите десет според коефициентот на интелигенција.

Најдобро позиционирана земја од поранешна Југославија е Словенија, која е на 23. место. Хрватска е на 37 место со просечен коефициент на интелигенција од 95,75. Србија е на 59 место со просечен коефициент на интелигенција од 89,6, Босна и Херцеговина е на 66 место со 88,54, а Црна Гора е на 82 место со просечен коефициент на интелигенција од 85,78 отсто.

Македонците се најнеинтелигентни, барем според листата, откако се на 109 место од вкупно 200 разгледувани земји, со просечен коефициент на интелигенција од 81,91

Покрај рангирањето, објавена е и мапа на светот според коефициентот на интелигенција. Потемната виолетова нијанса укажува на помала оценка. Спротивно на тоа, земјите со повисок просечен IQ резултат изгледаат црвено-портокалово.

На дното на листата е Непал со коефициент од 42,99.

Слични содржини