По несреќата на патнички и товарен воз во Грција, во која загинаа повеќе од 40 лица, а околу 80 беа повредени, објавена е аудио снимка од разговорот меѓу шефот на станицата и машиновозачот, кој најверојатно довел до трагедијата.
Машиновозачот: Слушате ли, Лариса?
Шефот на станицата: Слушам. Кај бројот 47 поминувате на црвениот излезен семафор до новиот влезен семафор на Порос.
Машиновозачот: Васил, дали заминувам?
Шефот: Одете, одете.
Машиновозачот: Заминав.
Шефот: Среќно.
Вработен во железничката станица: Васили, да се вратам?
Шефот: Не, не вака затоа што следува 1564.
Вработен во железничката станица: Готово, во ред, ќе го оставам дијагонално како што и е поставено.
Како што подоцна се испоставило, на патничкиот воз му било наредено да се движи по истите шини на кои веќе бил товарниот воз, што предизвикало директен судир, при што возовите се движеле со брзина од 160 km/h.
Шефот на локалната железничка станица беше обвинет за убиство од небрежност и пред обвинителите изјавил дека му е жал и дека бил уморен, додека грчкиот министер за транспорт поднесе оставка.