Обама е 12. на листата на американските претседатели

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Американските историчари го  поставија Барак Обама на 12-то место на листата на американските претседатели. Во првата тројка се Абрахам Линколн, Џорџ Вашингтон и Френклин Делано Рузвелт.

Според податоците на телевизија C-SPAN, која ја состави листата, Обама се покажал најдобро во сферата на економската регулација. Во оваа област, тој го зазеде осмото место. Најлоши проценки поранешниот сопственик на Белата куќа добил поради односите со Конгресот / 39 место / и надворешната политика / 24 место /.

Претходникот на Обама Џорџ Буш помладиот е само 33 од вкупно 43 учесници. Неговата надворешна политика  му е Ахилова  петаа.

Во составувањето на листата учествувале 91 историчари и други професионалци од водечките американски универзитети. Тие ги  оцениле претседателите на скала од 1 / неефикасен / до 10 / многу ефективен / по десет показатели, меѓу кои вештината да се убедува општеството, управување за време на кризи, економска регулација, морален авторитет, меѓународни односи, административни вештини, односи со Конгресот , визија и одредување на дневниот ред, обезбедување на општа правда и општи индикатори од работата на претседателот во контекст на неговата ера. / РИА “Новости”