Обама ги повика граѓаните да се мобилизираат за изборите во ноември

од desk4
101 прегледи

   Поранешниот американски претседател Барак Обама ги повика синоќа граѓаните на Калифорнија да се мобилизираат за изборите и да и ја дадат власта во Конгресот на Демократската партија.

Тој ја отфрли политиката на страв на актуелниот претседател Доналд Трамп, без да го именува.

– Се наоѓаме пред тежок момент, истакна Обама пред избирачите во Анахајм, кој е традиционално републикански реон во државата Калифорнија, а обично ја освојуваат демократите.

Тој нагласи дека на изборите кои ќе се одржат во ноември „имаме можност да вратиме малку здрав разум во нашиот политички живот“.

– Ако сега не одговориме, работите можат да се влошат. Најголемата закана за нашата демократија не е еден човек, туку апатијата и индиферентноста, предупреди поранешниот претседател на САД.