Обама: Мишел никогаш нема да се кандидира за претседател на САД

од Vladimir Zorba
62 прегледи

 

Американскиот претседател Барак Обама уште еднаш потврди дека неговата сопруга Мишел никогаш нема да учествува во трка за Белата куќа.kolku-kje-bide-teshko-da-se-zameni-mishel-obama-238978

Откако Доналд Трамп изненадувачки ја победи Хилари Клинтон на изборите на 8 ноември, на социјалните мрежи постојано беа упатувани повици актуелната прва дама на САД да биде претседателски кандидат на демократите во 2020 година.

– Мишел никогаш нема да се кандидира. Таа е најталентираниот човек што го познавам и неверојатно се согласува со Американците. Но, како што кажувам на шега, таа е премногу чувствителна за да се впушти во политика, тврди Обама во интервју за списанието „Ролинг стоун“.

Прашана многупати во изминатите години за нејзините планови и амбиции, Мишел неуморно повторуваше дека таа нема да тргне по стапките на Хилари Клинтон, која се впуштила во трката за претседателската функција, чиј сопруг Бил Клинтон беше шеф на државата осум години (1993-2001 година).

На 20 јануари 2017 година, при заминувањето од Белата куќа, Мишел Обама ќе има 53, а Барак Обама 55 години.