Анкетите покажуваат дека 37% од републиканците го симпатизираат рускиот претседател

“Имаше истражување по изборите, што покажа дека 37% од избирачите-републиканци го поддржуваат Путин. Повеќе од една третина од републиканските гласачи го поддржуваат Путин, поранешниот службеник на КГБ.
Роналд Реган би се свртел во гробот “- изјавил Обама за време на последната прес-конференција во Вашингтон, пренесува РИА Новости.
За време на изборната кампања и по неа Доналд Трамп не еднаш изјавувал намера да продолжи со соработката со Русија. За разлика од противникот Хилари Клинтон тој изразуваше увереност дека соработката може да одигра важна улога во решавањето на голем број задачи во блискоисточниот регион, вклучувајќи дека може да помогне да се стави крај на вооружениот конфликт во Сирија и “да биде испратена ИД во пеколот”.
Превод: Блиц