Обама: Трамп не се разви како претседател (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател Барак Обама изјави на конвенцијата на Демократската партија дека неуспехот на Трамп довело до смрт на 170.000 луѓе од коронавирусот, изгубени се милиони работни места, а американскиот углед во светот е драстично намален.

Обама, чиј потпретседател беше Бајден од 2009 до 2017 година, рече дека се надева оти Трамп ќе ја сфати сериозно работата и ќе покаже почит кон американската демократија.

„Доналд Трамп не се разви, затоа што не може. И последиците од тој неуспех се сериозни“, рече Обама во своето обраќање од Филаделфија во Музејот на американската револуција.

„Милиони работни места се изгубени. Ослободени се најлошите инстинкти, гордата репутација ширум светот се намали и нашите демократски институции се загрозени како никогаш досега“, рече Обама.

Тој го нападна Трамп затоа што ја искористи својата должност „само да си помогне на себеси и неговите пријатели“.

„Речиси четири години тој не покажа интерес за работата – нема интерес за третирање на претседателството како ништо повеќе од друго реално шоу што може да го искористи за да го привлече вниманието што го посакува“, рече Обама, невообичаено отстапувајќи од традицијата поранешниот претседател да не го критикува актуелниот.

Слични содржини