Фудбалскиот клуб Арсенал некое време нема да може да смета на најдобриот играч Пјер-Емерик Обамејанг, а тренерот Микел Артета не можеше да каже денес кога капитенот ќе се врати во тимот.
„Обамејанг мораше да го поддржи своето семејство и тој треба да биде со нив“, рече Артета, одговарајќи на прашањата на британските медиуми за тоа дали Обамејанг ја напуштил Велика Британија.
Британските медиуми објавија дека Обамејанг ја напуштил земјата за да ја види својата болна мајка и дека по неговото враќање ќе биде предмет на задолжителен карантин поради коронавирусот.
Обамејанг ги пропушти последните два натпревари на Арсенал, иако во саботата беше на клупата на ФА купот против Саутемптон,а најверојатно нема да биде во тимот ниту против Манчестер јунајтед.