Обамејанг: Мојата иднина? Немам што да кажам

од Vladimir Zorba

Пјер-Емерик Обамејанг е се поблиску до враќање на Островот. Асот на Барселона и репрезентативецот на Габон ги продолжува преговорите со Челси.

Тренерот на каталонскиот клуб, Чави Ернандез сака да го задржи, но клупските челници се подготвени да се откажат од услугите на поранешниот ас на Арсенал за 30 милиони евра.

Тренерот на Челси, Томас Тухел, кој соработуваше со Габонецот во Борусија Дортмунд, инсистира на доаѓањето на Обамејанг.

„Уживав да работам со него. Имавме многу блиски односи. И така ќе остане што и да се случи сега“, изјави Тухел.

На другата страна Обамејанг, кој моментално не е во преден план со Чави, немаше многу да каже.

„Мојата иднина? Немам што да кажам“, накратко изјави тој.

Слични содржини