Обамејанг остана без капитенската лента во Арсенал поради бизарна причина

од Nikola Popovski
307 прегледи

На напаѓачот од Габон, Пјер-Емерик Обамејанг, му е одземена капитенската лента, соопшти Aрсенал.

Во соопштението се нагласува дека сите во тимот, особено капитенот, мора да ги почитуваат јасно пропишаните правила и дека нема да има исклучоци.

Обамејанг не играше против Саутемптон минатиот викенд, а нема да биде во составот ниту против Вест Хем в среда.

Тренерот Микел Артета изјави дека поранешниот капитен повеќе не е во тимот поради недисциплина, но не сакаше да навлегува во детали.

Според островските медиуми, на Обамејанг наводно му ја одзеле лентата затоа што сред сезона се тетовирал.

Слични содржини