Обединети, храбро и со забрзан чекор да продолжиме по европскиот пат, порача Ковачевски за Денот на ВМРО

од Vladimir Zorba
1,7K прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Ковачевски порачува дека „континуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава е денешен мотив, од Република Северна Македонија да создадеме европска и напредна држава“.

-На денешниот Ден на македонската револуционерна борба гордо ги спомнуваме македонските револуционери и нивниот стремеж, истрајност и исклучителна храброст во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност. Континуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава е денешен мотив, од Република Северна Македонија да создадеме европска и напредна држава. Обединети, храбро и со забрзан чекор да продолжиме по европскиот пат и да обезбедиме прогресивна иднина за нашите деца. Нека е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, наведува премиерот во честитката објавена на неговиот фејсбук профил.

Слични содржини