Обезбедена плата за вработените, автобусите се вратија на улиците на Скопје

од Берта Китинска

Автобусите на ЈСП се вратија на улиците на Скопје.

Претседателот на Синдикатот за сообраќај и врски при ЈСП Скопје, Миќо Стојановски вели дека се обезбедени средства за платите до крајот на годинава.

– На трансакциските сметки на вработените ќе биде исплатена септемвриската плата и ме радува тоа што се обезбедени средства од буџетот на Град Скопје за наредните три плати што значи дека ќе нема потреба повеќе да чекаме 15-ти за да тие средства бидат доделени на вработените, а уште повеќе ме радува тоа што во ребалансот за буџетот за 2023 година јавниот градски превоз и ЈСП ќе бидат побогати за 360 милиони денари затоа што тоа се пари кои во минатиот период да не речам дека беа скриени, туку беа фантомски, информираше Стојановски.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска исто така рече дека ќе се бара одговорност за тешката финансиска состојба во која е доведено ЈСП и за мултимилионските долгови што ги има генерирано, а се провлекуваат повеќе од деценија.

-Град Скопје ја завршува процедурата за исплатата на платите на вработените во ЈСП. Од тука натака е на трезорот на Министерството за финансии. Сметаме дека денеска или утре ќе бидат исплатени платите. Овие средства се доволни за овие три-четири месеци.Морма да кажам дека по 30 години пљачкосување на државата од страна на сите политички партии кои ги гледате тука очигледно е дека ако не сте градоначалник од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ веднаш следи јавен линч.Платите доцнеле некогаш и повеќе од пет дена, но никогаш не бил прекинат јавниот превоз, кажа Арсовска.

Скопјани вчера по прв пат останаа без услугите на јавниот градски превоз, поради проблемот со неисплатените плати на вработените во ЈСП.

Слични содржини